Новости


Регрес за годишен одмор (К-15)

Работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утврдени со закон и колективен договор и тоа:
Регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година
кај ист работодавач. (189/13, во сила од 1 јануари 2014 г.)


Програма на неработни денови за 2018 година

Програма на неработни денови за 2018 година Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2018 година неработни денови се:


ОЛЕСНЕТ УВИД ВО БАНКАРСКИТЕ СМЕТКИ ОД СТРАНА НА УЈП

Според актуелниот Закон за банките, Управата за јавни приходи може да има увид во податоците и информациите со кои располагаат банките,
само врз основа на ПИСМЕНО БАРАЊЕ кое се поднесува за секое поединечно физичко лице.

Управата за јавни приходи од 2019 година ќе започне да изготвува даночна пријава за секој даночен обврзник. Заради поедноставување на постапката, Управата за јавни приходи има потреба да добива податоци за остварените приходи на даночните обврзници по сите основи, без поднесување на поединечно барање, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Дополнително, Царинската управа има потреба од податоци за трансакциската сметка на граѓаните, заради спроведување на законската обврска за присилна наплата на царинските давачки.

Цел на предлог законот: Овозможување на Управата за јавни приходи да има увод во банкарските сметки како подготовка за пополнување на даночни пријави и овозможување Царинската Управа да извршува решенија за присилна наплата.


Електронски услуги за персонален данок за 2018 година

Новите електронски услуги за персонален данок што ќе бидат во примена од 2018 година овозможуваат поедноставување на постапките и намалување на административниот товар за пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход како од страна на фирмите така и од страна на граѓаните. Преку електронскиот систем ќе биде овозможено...